Во Подгорица уапсен колумнистот Игор Дамјановиќ поради преписка на „Фејсбук“

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Подгорица уапсен колумнистот Игор Дамјановиќ поради преписка на „Фејсбук“

Црногорскиот аналитичар и колумнист Игор Дамјановиќ бил уапсен денеска поради преписка на „Фејсбук“ со извесен Алија Џукиќ кој против него потоа поднел пријава, наведува порталот Ин4с.

Дамјановиќ е познат како координатор на мировното движење „Не во војна, не во НАТО“ и аналитичар кој отворено ја критикува црногорската власт.

По оцената на многу аналитичари во Црна Гора, овој настан е само уште една потврда дека очигледно се воведува како пракса во постапувањето на црногорската полиција вербалниот деликт да го смета за доволна причина за апсење.

„Ваквите вести не се само показател на режимската бруталност, туку пред се на слабоста. Се плашат од слободната мисла. Сега се во незапаметена криза“, вели аналитичарот Бошко Вукичевиќ.

Претходно, никшиќанецот Милија Горановиќ беше казнет со парична казна од 500 евра затоа што на својот „Фејсбук“ профил наводно го навредувал директорот на Управата на полицијата на Црна Гора, Веселин Вељовиќ.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата