Запален автомобилот на поранешниот министер Дритон Кучи

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Запален автомобилот на поранешниот министер Дритон Кучи

Ноќва околу 1.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје настанал пожар во неколку возила.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(32) од Скопје, а делумно биле опожарени патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ф.(33) од Скопје.

Според информациите на „24 Инфо“, станува збор за автомобилот на поранешниот министер Дритон Кучи.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот, велат од МВР

Кучи беше министер за економија во 2017 година, а потоа и заменик-министер за образование.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата