Заврши изградбата на атмосферската канализација на улица Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши изградбата на атмосферската канализација на улица Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров

Дел од улицата 4-ти јули, односно Борис Сарафов, во општина Ѓорче Петров, доби нова атмосферска канализација

По барање од Град Скопје и општина Ѓорче Петров, беше изработена проектно-техничка документација за атмосферската канализација по дел од улица Борис Сарафов, во општина Ѓорче Петров.

„Со реализација на проектираната атмосферска канализација во должина од 600 метри и дијаметар од 400 милиметри, се создадоа услови за идно проектирање, а потоа и изградба на атмосферска канализација и по другите улици во овој дел од неселбата. Трасата на атмосферската канализација е усогласена со решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП за овој локалитет“, соопштија од општината.

ЈП Водовод и канализација – Скопје го обезбеди потребниот материјал за реализација на овој проект во вредност од 1.253.000 денари.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата