После трите едноподруго победи во Евролигата Фенербахче минатата седмица доживеа пораз од Барселона дома, но веќе овој петок има шанса да се извади пред своја публика со триумф над Армани.

„Манекените“ после доброто отворање на сезоната „запливаа“ во немирни води и сериозно им бега позицијата во ТОП 8 под налетот на конкуренцијата. Еторе Месина не може да се пофали дека Армани е во добар ритам, посебно не во гости каде е во серија од седум порази и последниот брејк го зема уште во октомври. А Фенер и понатаму е надвор од групата од осум најдобри тимови на табелата. Освен тоа, овој тим има причина повеќе да бара победа во Истанбул, бидејќи Армани во првиот дуел на овие тимови рутински славеше со 87:74.

Подемот на Фенер во последно време е тесно поврзан со одличната форма на Костас Слукас кој во последните четири натпревари бележи речиси дабл-дабл ефект со 12 поени и 9,8 асистенции и просечен индекс на корисност 22. Во таа низа Фенер славеше три пати. Во петок пред себе ќе има силен противник во ликот на Серхио Родригез, кој во првиот меѓусебен дуел уфрли 22 поени.Освен тоа, Фенербахче драстично ја подобри одбраната, што позитивно влијаеше на резултатите. Во текот на целата досегашна сезона истанбулскиот клуб им дозволуваше на противниците дури 80,7 поени, но во последните три меча дури 69,7 поени, што е далеку попрафатливо во тренерската филозофија на тренерот Обрадовиќ.

Фенер е фаворит и единицата не би смеела да изостане.

KOMПЛЕТНАТА ПОНУДА ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ НА ЕВРОЛИГАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

ЕВРОЛИГА – 21.коло

ПРЕДЛОЗИ

ФЕНЕРБАХЧЕ – АРМАНИ             КТ 1        1,30

ЖАЛГИРИС – АЛБА        ВП ПОМАЛКУ (163,5)    1,90

ПАНАТИНАИКОС – АСВЕЛ          ПК 1-1   1,22

РЕАЛ – ЕФЕС      ВП ПОВЕЌЕ (168,5)          1,90

* Квотите подлeжат на промени

Standings provided by Sofascore LiveScore