Кошаркарите на Црвена Звезда по голема борба загубија со 86-82 од Барселона во 21-то коло од Евролигата. Белграѓани одиграа одличен натпревар, еден од најдобрите во годинашното издание на елитното натпреварување, но на крајот не успеаја да изненадат.

Српскиот шампион се држеше во текот на сите 40 минути, но победата му припадна на тимот на Светислав Пешиќ. Најефикасен кај „црвено-белите“ беше Лоренцо Браун со 15 поени, плус осум асистенции, четири украдени топки и шест скока. Каталонците, пак, беа предводени од Никола Миротиќ со 25 поени, а Брендон Дејвис постигна 10 поени.