Кочоска: АЛАРМАНТНО Е, данокот на добивка има минимален раст од само 1,77%, ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кочоска: АЛАРМАНТНО Е, данокот на добивка има минимален раст од само 1,77%, ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ

Дополнителната заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во нејзиното гостување на „Што не е јасно„ на Алфа Телевизија изјави дека не може економијата да има раст кога најзначајниот двигател, данокот на добивка од 2017 до 2019 година има минимален раст од само 1,77% што е показател дека македонската економија со СДСМ тоне.

- Во однос на кондицијата во која се наоѓа буџетот, би се вратила на 2019 година, она што е алармантно тоа е данокот на добивка. Тој во 2019 година во однос на планираното е помал за 24,49% додека пак во однос на 2018 имаме намалување од 21,64% што јасно ни кажува дека планот не се остварува, тоа е првиот проблем. Второ што е позначајно е моментот дека бизнисот не работи така како што би требало, добивката не оди согласно од тоа што го сакаат и согласно она што го планирале во министерството,  истакна Димитриеска-Кочоска

Таа вели дека загрижувачки е и моментот со реализацијата на данокот на додадена вредност, бидејќи има помала реализација од планираната, а власта прави шминка со која го лаже народот дека се е во ред иако реалноста ни кажува сосема нешто друго

Министерката Ангеловска излезе со анализа каква била реализацијата, односно дека само за 0,15% не сме го оствариле планот. Меѓутоа после 31 декември имаме податоци дека имаме исплата на поврат по основ на ДДВ од 1 милијарда денари кој што чекале да бидат исплатени претходно. Ако во 2019 година сте имале 52 милијарди наплатено ДДВ минус оваа една милијарда која што не е државата, таа не е државата туку на бизнисот која државата не ја наплатила навреме. Што значи има 51 милијарда, значи вие немате 0,15% помала реализација на планот туку 2% помала реализација на планот. Со оваа шминка на министерството го лажат народот и му кажуваат дека се е во ред, иако реалноста е нешто друго. Ние имаме помала наплата на ДДВ и од увозот и од прометот што јасно кажува дека имаме забавување во економијата, изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека власта исто така манипулира со реализацијата на капиталните инвестиции, па дури и во самата нивна манипулација не забележува дека на веб страната на министерството за финансии на две места има внесено различни податоци за ист период.

-Ние побаравме податок за реализацијата на капиталните инвестиции. На самиот сајт на министерството имаме реализација на буџетот каде може да се погледне колкав процент од капиталните инвестиции се реализирале. Од друга страна друга алатка на истиот сајт има за реализација по буџетски корисници каде до пред неколку дена имаше информација дека до 10 месец имавме реализација на капиталните инвестиции заклучно со месец октомври од 52%. Додека во самата реализација на буџетот со 11 месец стоеше 49%. Кога ќе ги споредите податоците јасно е дека нешто не е во ред, потенцира Димитриеска Кочоска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата