Кочоска: Има сериозен одлив на кадар во Министерството за финансии

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кочоска: Има сериозен одлив на кадар во Министерството за финансии

Во Министерството за финансии, едно од најважните во државата, има недостаток и одлив на кадар, откри дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочоска во емисијата „Што не е јасно“ на „Алфа“.

Има сериозен одлив на кадар, луѓето си заминуваат од Министерството, владее демотивирачка атмосфера. Кога ги контролирате државните пари луѓето внатре треба да бидат мотивирани и да работат најдобро што можат, но за жал тоа не се случува, вели Кочоска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата