Големиот мексикански фудбалски талент Жоао Малек најверојатно ќе оди зад решетки и тоа на 10 години затоа што докажана е неговата вина за сообраќајната несреќа во која загинаа младоженци во Џалиско, Мексико. Новите докази ја потврдуваат вината на фудбалерот инаку младински мексикански репрезентативец кој во тој период играше за Севиља како позајмен од Порто. Тој управувал со автомобил под дејство на алкохол и возел со брзина од 25 км на час над дозволеното во областа каде што се случила несреќата.

Жоао, инаку син на поранешниот камерунски фудбалер Жан-Клод Малек уште од несреќата не игра фудбал, а се наоѓаше во притвор, а неговите адвокати се обидоа да ја преиначат казната во парична но се чини дека нема да им успее тоа.