Арсовски: Секогаш кога СДСМ е на власт КОРУПЦИЈАТА РАСТЕ, ТОА ГО ПОТВРДИ И „ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ“

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсовски: Секогаш кога СДСМ е на власт КОРУПЦИЈАТА РАСТЕ, ТОА ГО ПОТВРДИ И „ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во интервју за порталот „Економски Лидер“ истакна дека паѓаме и тонеме на сите индекси, од економија која што беше во првите десет и држава примамлива за странски инвестиции, ние пропаднавме длабоко на дното. Покрај „Транспаренси интернешнл“ на чиј што извештај сме на 106-то место за корупција, по извештајот на „Економист“ според кој сме хибриден режим, како и извештајот на невладината од САД „Нет“ кој вели дека се наоѓаме на ниво на тоталитарен режим и дека Македонија е заробена држава.

-Во однос на најновиот Извештај на „Транспаренси интернешнл“ тој истакна дека секогаш кога СДСМ е на власт во 2005 година кога се подготвува за пад од власт ја носат Македонија на 103-тото место, длабоко на дното исто се случува и сега сме на 106-то место што значи дека ништо не е различно од она најцрно владеење на СДСМ во период 2002 до 2006 година со низа коруптивни скандали, вели Арсовски. Тој истакна дека 2019-та година беше обележана од еден најголемите случаи на корупција „Рекет“ во кој СЈО најголем дел од луѓето осомничени беа протежирани од страна на владата на СДСМ, владини функционери и останати блиски луѓе до СДСМ, каде роднини на функционерите беа на платен список на Специјалното јавно обвинителство. -Има сериозни индиции за криминал во однос на инсинуациите за набавка на пасоши, во 2005-година фирмата „Веридас“ која е правен следбеник на онаа фирма тогаш за скандалот за зголемена сума за набавка на патни исправи. Тогаш криминалот се проценува некаде околу 5 милиони евра тогаш обелоденет од само два медиуми, за која и афера била запознаена Европската унија . Сега години подоцна ни се случува истото, се работи за сума за набавка на лични карти од 12.7 милиони евра. Има низа прекршувања, утнати се роковите и прво е потпишана рамковната спогодба, а веднаш потоа извештајот и одлуката за избор, но според законот прво треба да се донесе одлука за фирма која треба да биде снабдувач, вели Арсовски.

Арсовски истакна дека правда и одговорност мора да има, но не по теркот на Заев туку еднакво и неселективно кон сите граѓани, правдата е неопходна, по 12-ти април секој еден скандал и афера ќе биде следена, а институциите ќе си ја работат својата работа.

-Во моментов во Јавното обвинителство има стотици случаи каде што се поднесени кривични пријави, отворени се постапки,меѓутоа стојат и не мрднуваат од мртва точка, ќе набројам неколку: Случајот со гласањето на референдумот, односно изборни нерегуларности за кој се уште нема ништо; Случајот со прислушкувањето што се случи во ЈО, има отворено постапка се уште стои; Случајот со Фонд за иновации, над 10.5 милиони евра беа испумпани на луѓе блиски до СДСМ – посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Тој вели дека за разика од позитивните пресуди во корист на власта, за сите оние кои се блиски до СДСМ и Заеви како случаите со градоначалниците, сите останати граѓани оставени се на селективноста во одлучувањето и постапувањето на правосудните органи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата