Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ утре објавува огромен скандал – ВИСТИНАТА ЗА БИЗНИСОТ СО МАРИХУАНА! (ВИДЕО)

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ утре објавува огромен скандал – ВИСТИНАТА ЗА БИЗНИСОТ СО МАРИХУАНА! (ВИДЕО)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во интервју за порталот Економски Лидер откри дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе објави огромен скандал во врска со законот за опојни дроги, односно законот за марихуана.

-Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен еден сериозен скандал кој што зема сериозни размери во јавноста, тоа е дел од законот за опојни дроги, народски кажано законот за марихуана кој што во моментот власта сака да си го донесе по свој терк, вели во интервју за Лидер портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски не откри многу детали за истиот, но увери дека станува збор за голем скандал каде што власта на СДСМ и фамилијата Заеви личните интереси ги ставаат пред државните

-Не би откривал повеќе детали би оставил јавноста утре да ги чуе од тој скандал но, меѓутоа верувајте ова е уште еднен скандал низ низа на други скандали, каде што власта ги става, односно власта на СДСМ и фамилијата заеви ги става своите лични интереси пред сите останати државни интереси кои што се во интерес на граѓаните, истакна Арсовски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата