Динамо Киев – Вардар 4:0. Тоа е исходот на вториот „тест“ меч на Вардарци во Анталија. Украинците уште во првиот дел ги решија сите дилеми откако погодија три пати, а во вториот дел само од пенал ја потврдија победата.

Сидорчук во 5. минута и Бујалски во 7. минута донесоа 0:2 за Динамо Киев, а Дуелунд во 29. минута само го зголеми водството. Тимот од Киев имаше уште неколку шанси да дојде и до поубедливо водство, но не реализираше. Во вториот дел Русин во 85. минута од пенал го зголеми водството.

Вардарци немаа прилики во вториот дел, а Васоски во 60. минута им даде шанса на резервистите на овој меч.