Потпишувањето на документите за позајмицата на Виктор Мозес е завршена работа. Како што објави италијанскиот новинар Ди Марцио, адвокатите на играчот и преставниците на клубовите (Челзи и Интер) денеска ја завршиле целата процедура, по што нигерискиот напаѓач и официјално станува фудбалер на „нероаѕурите“.

Мозес во понеделникот пристигна во Милано од Истанбул, каде играше како позајмен за Фенербахче. Вчера ги мина лекарските прегледи, а денеска се чекаше завршувањ ена процедурата за реализација на трансферот. Последните бирократски детали поврзани со трансферот на играчот од Турција во Италија се завршени, така што Мозес и официјално може да се каже дека е ново засилување за тимот на Антонио Конте. Договорот се заснова на заем со можност за откуп од 10 милиони евра.