Ернестс Гулбис е едно од најголемите изненадувања на стартот на Астралија Опен. Се пласираше во третото коло откако го совлада 22. тенисер во светото Канаѓанецот Феликс, а потоа и Словенецот Бедене.

„Ако успеам да продолжам да играм вака, би сакал да играм уште пет години. Само да останам на ова ниво“, изјави 31-годишниот летонски тенисер кој некогаш беше десетти играч во светот.

Но, сега е дури 256. играч на АТП листата и мораше да игра квалификации за Австралија Опен. На патот до третото коло изгуби само два сета во пет мечеви.

Ниту самиот не веруваше дека ќе биде толку добар оваа година, никогаш не играл во третото коло.

„Доволно говори фактот дека дојдов со еден пар патики, сега имам проблем, никаде не можам да најдам нови“.