Отворени канцеларии за социјална работа во Брвеница и Желино

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отворени канцеларии за социјална работа во Брвеница и Желино

Дополнителната заменик- министерка за труд и соијална политика, Санела Шкријељ, ги посети новоотворените канцеларии за социјални работи во општините Брвеница и Желино. Овие две канцеларии се дел од мрежата на канцеларии што МТСП ги отвори во соработка со општините за да го олесни пристапот до социјалните права на сите граѓани.

„Изминатите две и пол години работевме на прилагодување на системот на социјална заштита на потребите на граѓаните. Овие канцеларии се резултат на грижата за секој граѓанин на едноставен и достапен начин да побара социјална помош или  кое било друго право од системот на социјална заштита. Жителите на Брвеница и Желино веќе не мора да одат до Тетово, туку можат да се информираат и да аплицираат во општинската канцеларија. Социјалната реформа значи промена на пристапот до граѓаните, грижа за секој граѓанин подеднакво”, рече заменик-министерката Шкриjељ.

За градоначалникот Блерим Сејдиу,  локалната канцеларија за социјална работа во Желиное убава вест за жителите.

„Ова е голема рурална општина со 30.000 граѓани. Ваква канцеларија ни беше навистина потребна”, посочи Сејдиу.

„Општина Брвеница ги поддржува сите проекти за олеснување на животот на граѓаните”, рече градоначалникот Енвер Пајазити, нагласувајќи дека соработката со централната власт ќе продолжи.

„Дополнителната заменик-министерка ја информиравме и за изградбата на градинката во Брвеница. Работите се интензивирани. Ова е општина со многу млади, за нив згрижувањето на децата од предучилишна возраст во местото каде живеат, ќе биде големо олеснување”, рече градоначалникот Пајазити.

Со отворањето на 50 регионални канцеларии на меѓуопштинските центри за социјална работа, со посебен акцент во руралните општини, се овозможува подобра координација на активностите, растоварување на меѓуопштинските центри и поквалитетни услуги на центрите за социјална заштита.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата