Шекеринска е убедена дека изборите ЌЕ ГИ ДОЧЕКАМЕ КАКО ЧЛЕНКА НА НАТО

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шекеринска е убедена дека изборите ЌЕ ГИ ДОЧЕКАМЕ КАКО ЧЛЕНКА НА НАТО

Сигурна сум дека изборите ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со последната 29-та ратификација на Протоколот за нашето членство во Алијансата која наскоро треба да се случи во Парламентот во Шпанија, а ќе следи и во нашиот Парламент.

-Една работа е нашиот процес на ратификација, втора работа е ратификацијата во шпанскиот Парламент и завршувањето на целиот овој процес, а трета различна работа се изборите. Сигурна сум дека изборите ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата и после 30 години вртење во место, после 30 години ветувања на многу политички елити, ќе ја имаме честа и одговорноста да сме биле тука кога е постигнат тој најголем успех. Мислам дека тоа ќе биде најголемиот плус, најголемиот резултат кој што дури и критичните граѓани ќе го поздрават со релаксација и здивнување. Долго време се плашевме дека на првата кривина нешто ќе се случи спротивно на нашите интереси. Покажавме дека ова го почнавме и за две и пол години го крунисавме со успех. Тоа е успех на Владата, меѓутоа тоа е пред се успех на нашата држава, рече Шекеринска

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата