(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Бекир Аслани вели дека и покрај тоа што помина една година од исчезнувањето на неговиот син, се уште нема информации поврзани со исчезнувањето.

Тој денеска пред Собранието рече дека размислува за протести секој 23-ти во месецот.

Досега има остварено средби со Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Зоран Заев, кои ветиле дека ќе се заложат за расветлување на случајот, но без резултати.

Арбен Аслани е исчезнат лани на денешен ден. Тој последен пат е виден како влегува во нечие возило.

Искра Манојлоска

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата