Во Тетово фатени над 100 возила со непрописно затемнети стакла

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Тетово фатени над 100 возила со непрописно затемнети стакла

Вчера, полицијата во Тетово спроведе локална сообраќајно-контролна акција, при што биле откриени 114 возила со непрописно затемнети стакла, од кои на 106 возила возачите сами ги отстраниле фолиите.

„При контролата исто така откриени се пет возила со истечена регистрација, пет лица ги управувале возилата без положен возачки испит, двајца возачи користеле мобилен телефон додека управувале возило, шест возила биле непрописно паркирани и други видови прекршоци“, велат од МВР.

Сите прекршители законски сe санкционирани во зависност од видот на констатираните прекршоци.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата