Кривична против ексдиректор на Државниот инспекторат за земјоделство

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична против ексдиректор на Државниот инспекторат за земјоделство

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р. С. (55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Од МВР информираат дека пријавениот како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во 2014, на узурпирани земјоделски катастарски парцели на подрачјето на селото Пепелиште, Неготинско, го потпишал известувањето жетвениот процес да биде извршен во три дена – 25, 26 и 27 јуни 2014 година, на површина од речиси 35 хектари.

По тоа, во ДОО „Агроинвест“ – Прилеп биле складирани вкупно 29.510 кг јачмен по што при проверките е констатирано дека жетвата не е спроведена во согласност со законските регулативи, односно во евиденциите на Инспекторатот не постоеле договори за жетва, договор за транспорт, договор за складирање и чување јачмен, податоци за ожнеана површина и количина на ожнеаната жетва.

„Пријавениот, не вршејќи должен надзор, не ги евидентирал количините јачмен и овозможил стекнување противправна имотна корист за други во износ од 700.000 денари, со што го оштетил Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство Скопје“, информираат од МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата