Можеби звучи малку и необично, но Динамо Киев на полувремето веќе има обезбедено победа над Вардар по водството од 0:3. Вардаровиот состав е со најдобрите играчи, и лидерот во нашето првенство не играше толку лошо во првиот дел, кога е во прашање поседот на топката, но Украинците ги искористија своите шанси и имаат убедливо водство.

Сидорчук во 5. минута и Бујалски во 7. минута донесоа 0:2 за Динамо Киев, а Дуелунд во 29. минута само го зголеми водството. Тимот од Киев имаше уште неколку шанси да дојде и до поубедливо водство, но не реализираше.

Головите паднаа по лоши реакции на одбраната на Вардар, оставени сами играчи, а тоа „сините“ знаеја како да го искористат.