Две лица со симптоми на корона вирус примени во болница во Шкотска

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две лица со симптоми на корона вирус примени во болница во Шкотска

Двајца кинески државјани биле итно примени во болница во Глазгов, Шкотска, откако им биле дијагностицирани симптоми што може да укажуваат дека се заболени од корона вирус, пренесуваат шкотските медиуми.

Според неофицијални информации, пациентите неодамна пристигнале во Шкотска од кинескиот град Вухан, кој е епицентар на епидемијата на опасниот вирус од кој починаа најмалку 25 лица.

Според локалните медиуми, лекарите досега не успеале да го исклучат коронавирусот кај примените пациенти.

Итните прегледи се во тек, а пациентите за кои се верува дека се заразени со опасниот вирус се во целосна изолација. Изворите уверуваат дека лекарите ги презеле сите неопходни мерки за да го спречат можното ширење на заразата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата