Мануел Аканџи би можел да си замине од Борусија Дортмунд, откако тимот објави можност за негова продажба, заедно со уште неколкумина играчи. „Милионерите“ очигледно не можат повеќе да ги трпат неговите грешки кои оваа сезона се многубројни, па од тука Швајцарецот е на излезна врата од тимот.

Аканџи беше еден од оние кои направи грешки за трите гола на Аугзбург во минатото коло (Борусија Д. губеше 3:1, па направи пресврт 3:5), па од тука раководството веќе нема намера да ги толерира.

Борусија Дортмунд го сакаше стоперот на Јувентус Мерих Демирал, но тој ги скина лигаментите на првенствениот меч со Рома на „Олимпико“, па пропадна можноста младиот турски стопер да го засили тимот на Борусија. Сега се во потрага по нов стопер, а на списокот има неколку имиња.