Прволигашот Борец и второлигашот Брегалница денеска на градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес одиграа пријателски натпревар кој заврши без победник 1:1.

Штипјани имаа водство после голот на новото засилување Маневски уште во 3. минута од мечот. Во вториот дел во 56. минута Борец успеа да дојде до израмнување со голот на Радовиќ. Тој беше резултатот до крајот, иако актерите на двата тима имаа уште повеќе од пола час да дојдат до водство и до победа.