Италијанските медиуми се обидоа голгетрското препородување на Кристијано Роналдо да му го препишат на Маурицио Сари, тренерот на Јувентус.

Португалецот оваа сезона се врати во најголем стилм постигна 13 голови во сите девет последни натпреварувања, Лигата на шампиони, првенството и италијанскиот Куп. Најважно го предводеше својот тим на дуелот против Рома (3-1) во четвртфиналето.

„Немам ништо со тоа. Ако на некого треба да му дадеме признание, тоа е неговата мајка, која го родила и направила такво нешто“, изјави Сари по мечот.