Германската полиција шокирана од состојбата на автобусот што превезувал патници на Балканот

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германската полиција шокирана од состојбата на автобусот што превезувал патници на Балканот

Германската полиција објави дека запрела автобус што одел кон Србија, и останала во шок поради состојбата на возилото кое го исклучиле од сообраќај.

Зарѓана каросерија, неисправни сопирачки и управувачки систем – автобусот бил подготвен за отпад, јавуваат германските медиуми.

Возилото било запрено на централната автобуска станица во Берлин.

Медиумите исто така објавиле дека автобусот патувал 1,3 милиони километри и дека дупките во возилото биле пополнети со градежна пена.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата