Рафаел Надал без големи тешкотии стигна до 3. коло на Австралија Опен, победувајќи го со максимални 3:0 аргентинскиот тенисер Делбонис. Шпанецот имаше проблеми само во вториот сет кој мораше да го добие со 7:4 во тај-брејкот.

Во првиот сет беше 6:3, додека третиот Надал го доби со убедливи 6:1.

Во третото коло Надал ќе се сретне со неговиот соработник Карено-Буста.