Сандер Сагосен е најдобриот стрелец на ова Европско првенство. Норвешкиот ракометар има 51 погодок, само десет го делат од рекордот на Кирил Лазаров, поставен пред осум години.

Тој вчера не настапи на дуелот со Словенија, беше поштеден за она што допрва доаѓа, битката за место во финалето против Хрватска. Сагосен порача дека ќе биде вистинска војна на теренот, во текот на целиот меч, а неговата земја има една цел, да продолжи победнички.

„Одморот добро ми дојде. Дуелот со Словенија покажа дека имаме широк состав. Дуелот со Хрватска ќе биде вистинска воја на теренот во сите 60. минути. Ќе биде тешко, подготвени сме за оваа задача, за сите овие денови. Уживаме во секоја игра, и знаеме дека мора да победиме, одиме по целиот плен“, изјави Сагосен.

Првата полуфинална средба се игра во 18 часот, на теренот во Стокхлом првите ќе истрчаат Норвешка и Хрватска, за 20:30 минути е закажана пресметката меѓу Шпанија и Словенија.