Полицаецот кој се разнесе со бомба во неделата пливал по крстот, а во вторникот си ја уби швалерката и изврши самоубиство

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицаецот кој се разнесе со бомба во неделата пливал по крстот, а во вторникот си ја уби швалерката и изврши самоубиство

Павле Р. (31) активирал бомба во автомобилот марка опел вектра и се убил себе и Марина П. (28) со која бил во тајна врска. Се  се случило на едно сришно патче меѓу Батајница и Нова Пазова. 

Колегите на полицаецот Павле велат дека не забележале ништо чудно кај него и дека во неделата пливал по чесниот крст. 

„Се делуваше нормално, беше расположен. Ништо не укажуваше дека ќе се случи трагедија. Беше добар колега и посветен на работата. Долго работеше во МУП, беше и во Интервентната единица, а најголема желба во кариерата му беше да премине во Жандармеријата. Во тоа успеа и делуваше задоволно. Заради се сме во шок и не можеме да верува“, раскажал негов колега. 

Марина, пак, работела како воспитуваќка во градника во Нова Пазова и не била мажена. Пред некое време ја прекинала врската со долгогодишниот дечко за да биде со Павле, но како што се претпоставува се премислила и сакала да го остави полицаецот, кој зад себе остави две деца и сопруга.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата