Последен меч од вонредното, 24.коло на Премиер лигата. Фаворитот е јасен, а тоа е неверојатниот Ливерпул кој просто не знае да изгуби оваа сезона.
Последен во низата од 13 екипи кои паднаа пред „Редси“ е Манчестер Јунајтед, после тежок и тесен натпревар кој Мохамед Салах го реши во 93 минута. Од сезоната 1989/90 навивачите на Ливерпул чекаат на титулата во домашното првенство. Дури три децении еден од најголемите клубови во светот на фудбалот не бил шампион на Англија!

АНГЛИЈА 1 – 24.коло

ВУЛВЕРХЕМПТОН – ЛИВЕРПУЛ
Четврток, 21.00
Шифра: 2010

Предлози
КМБ Х2&0-3            1,55
ВГ 0-2     2,03
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Но, се чини дека и таа приказна е готова бидејќи би било право чудо некој да ги стигне затоа што до пред ова коло имаа дури 16 поени предност над најблискиот конкурент Манчестер Сити.

„Волците“ од Вулверхемптон се најпријатно изненадување оваа сезона, иако во последно време, посебно по новогодишните празници малку попуштија. Колку се незгодни покажаа и на дуелот со Ливерпул на „Енфилд“ на 29 декември кога изгубија само со 1:0 со голот на Мане, а само два дена пред тоа го урнаа Манчестер Сити со 3:2 на свој терен.
„Редси“ навистина делуваат импресивно и моментално се најдобриот тим на светот, но и најдобрите понекогаш имаат слаба вечер, а тоа може да им се случи на „Молину“.
Домаќинот со помош на својата армија на навивачи ќе проба да го удри противникот кој помалку е „пијан“ од успехот.

Секако, фаворити се гостите, иако не очекуваме Ливерпул да води на полувреме и да слави на крајот како што беше во претходните девет кола. Што се однесува до головите, само еднаш во претходните четири одмерувања на овие два тима имало повеќе од три.