Никола Глигоров повторно е дел од Вардар. Тој по година и пол пауза се врати во својот матичен тим, и тоа почнувајќи да „плива“ во тренерските води. Глигоров својата фудбалска кариера ја почна во Вардар, и сега е исто и со тренерската.

Вчера на официјалниот профил на ФК Вардар на „Фејсбук“, му беше посакано добродојде на Глигоров.

Статус околу враќањето во Вардар објави и капитенот Филип Гачевски кој напиша: „Се надевам дека ќе имаш успешна тренерска кариера како што имаше како играч“.

Инаку Глигоров ќе биде дел од младинската школа, и ќе ги предводи генерацијата 2009 година.