„Тојота“ повлекува 3,4 милиони возила поради дефект

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Тојота“ повлекува 3,4 милиони возила поради дефект

„Тојота“ ќе повлече околу 3,4 милиони возила низ целиот свет заради можен дефект на воздушните перничиња.

Одлуката ги опфаќа моделите корола, корола матрикс, авалон и авалон ХВ во Северна, Централна и Јужна Америка, вклучувајќи 2,9 милиони возила во Соединетите држави (САД).

„Тојота“ соопшти дека засега нема да има повлекување на автомобили во Јапонија и Европа.

Возилата што ќе бидат повлечени потенцијално имаат проблем со електронската контролна единица, која можеби нема соодветна заштита од бучава.

„Ова може да предизвика воздушните перничиња да не се активираат или да не се активираат целосно, како и до тоа безбедносните појаси да не се затегнат пред судар“, објаснуваат од компанијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата