Понуди од седум балкански земји се очекуваат за ТВ правата за Лигата на шампионите, Лигата на Европа и УЕФА Конференциската лига за 2021/22 до 2023/24.

Две понуди – едната за Лигата на шампиони и за УЕФА Супер Купот, додека втората за Лигата на Европа, и за новата Лига на Конференции беа презентирани на 15 јануари во Албанија, БиХ, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.

Еве шанса, ако сакаме да гледаме елитен клупски фудбал пренесуван со коментатор на македонски јазик, тогаш некоја наша телевизија сега има прилика да ги откупи правата. Ако не, останува да гледаме на други јазици како што е сега случајот, бидејќи правата ги има операторот Телеком, и ги гледаме мечевите на „Арена Спорт“ со српски коментатор.

Понудите може да се испраќаат до 10 февруари до 10 часот наутро. Овој процес беше овозмен од агенцијата Тим Маркетинг која е ексклузивен агент за продажба на ТВ правата на УЕФА.