Барселона се измачи меѓутоа стигна до победа на гостувањето кај третолигашот Ибица (2:1), а вечерва и Реал Мадрид со 3:1 го совлада третолигашот Унионистас од Саламанка. Да потсетиме фудбалерите на овој клуб толку многу се радуваа што ќе играат со славниот мадридски клуб како да ја освоиле Ла Лига, а стадионот „Хелмантико“ беше исполнет до последното место (4.000 гледачи).

Герет Бејл го доведе Реал во водство во 18. минута после лошо исфрлување на топката од својот шеснаесетник на еден играч на домашниот тим. Сепак, популарните „бикови“ го изедначија резултатот. Ромеро Мориљо влезе во 55. минута, а две минути подоцна потегна контра напад и со шут од далечина го совлада Ареола на голот на Реал.

Но само пет минути траеше радоста на домашните. Несреќниот Хуан Гонгора си ја заби топката во својата мрежа откако за малку не стигна да расчисти една топка која одеше во голот. Во последните секунди Брахим Диаз се погрижи резултатот да биде повисок.

Да кажеме дека Зидан одмараше некои ѕвезди за овој меч, но сепак излезе со силен состав. На теренот беа Бејл, Бензема, Винисиус, Касемиро, Марсело, Начо, Карвахал… во второто полувреме влегоа Јовиќ, Иско и Диаз.

Во следната рунда оди и Валенсија која со голот на Гомез во 15. минута го елиминира Логроњес, како и Сосиедад, Виљареал и Тенерифе кои ги победија Еспањол, Џирона и Ваљадолид.