Екипата на Јувентус без проблеми ја победи Рома и се пласира во полуфиналето на италијанскиот Куп. „Старата дама“ победи со 3:1, а работата си ја заврши уште во првото полувреме кога имаше предност дури од 3:0.

Кристијано Роналдо го отвори резултатот во 26. минута што беше негов седми гол во четвртиот меч во 2020 година, а по него стрелаа Бентакур и Бонучи. Во второто полувреме римјаните само успеаја да постигнат гол, всушност тоа беше автогол на Буфон.

Ундер шутна од далечина топката удри во пречката, па во Буфон и заврши во мрежата. Но тоа беше се што направија гостите.

Јувентус во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Милан и Торино. Тој меч ќе се одигра на 28 јануари.