За Кристијано Роналдо е добро познато дека е вистински професионалец, кој е комплетно посветен на она што го работи, а за ЕСПН откри дел од работите кои исто така се задолжителни во неговиот процес на здрав живот на еден спортист.

Португалецот има шест оброци во денот (појадок, ужинка, два ручеци и две вечери), а притоа одмора пет пати во денот.