Групната фаза на Европското првенство во Виена, односно во Малме за заокружија два натпревари кои немаа никакво резултатско значење, со оглед на тоа дека разврските во групите се случија во дуелите претходно.

Германија, која веќе ги има обезбедено олимписките квалификации и ќе игра за 5. место против Португалија, беше опуштена во дуелот со Чесите, па по првото полувреме Кристијан Прокоп во второто им даде шанса на помладите од клупата кои сепак донесоа победа, 26:22 (13:10). Но, токму обидот со втора постава да се потцени Чешка можеше да ги чини пораз Германците, кои добро се испотија за победата.

Слична ситуација беше и во Малме, каде домаќинот Шведска со победа над Исланд, 32:25 (18:11) се одјави пред својата публика. Ко-организаторот работата си ја заврши уште во првото полувреме, па не форсираше многу….едноставно одигра колку што беше потребно за триумф.