Хрватска има на што да се радува. Спортот во оваа земја и тоа како цвета. По ракометната репрезентација која пред два дена се пласираше на Европското првенство и во битката за финале ќе се бори против Норвешка, голем успех приредија и ватерполистите.

Репрезентативците на оваа земја ја совладаа Грција со 14-11 (6:3, 4:3, 3:3,1:2) и против Шпанија ќе бараат место во финалето.

Домаќин на Европското првенство е Будимпешта, во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Црна Гора и домаќинот Унгарија.