Филип Дурански, капитенот и најдобриот фудбалер на Силекс е пред трансфер во Словачка, во тимот на Серед.

Искусниот играч за врска веќе е со екипата на Серед која се наоѓа во Анталија, и денеска беше во составот на дуелот со унгарскиот Ѓирмот, во кој „неговиот“ тим победи со 1:0.

Како што велат нашите информации договор меѓу Дурански и Серед има, останува само истиот да се официјализира, а потоа да дојде и до промоција.

До пред некој месец таму тренер беше Славчо Војнески, додека голман Дени Илиев. Ако се биде како што треба, Филип Дурански наместо да брка Европа со Силекс во ПМФЛ, со Серед ќе се бори за опстанок.