Напаѓачот на Реал Сосиедад, Вилијан Хозе е решението на Жозе Мурињо за празното место во Тотенхем по повредата на Хари Кејн, тврдат шпанските медиуми. Тој во следните 24-часа треба да пристигне во Лондон.

Интересно е дека како поткрепа на таа информација е и фактот дека Хозе го нема на списокот на играчи за вечерашното 1/16 финале на Купот на кралот против Еспањол. Бразилскиот напаѓач побарал од клубот да биде изоставен од тимот „сè додека не се разјасни неговата состојба“.

Хозе пристигна во Реал Сосиедад во 2016 година од уругвајски Малдонадо за шест милиони евра, а активен договор има до 2024 година, во кој стои клаузула за откуп од 70 милиони. Засега е непознато дали Тотенхем ќе ја плати цената или, пак, Хозе ќе настапува како позајмен играч.

Вилијан има одлична сезона во Ла Лигата, во која досега има постигнато осум гола.