Како што најави СПОРТМЕДИА, Мите Цикарски ја засили Академија Пандев. Испразнетото место на левата бековска позиција е пополнето со квалитетно засилување. Цикарски е поранешен репрезентативец на Македонија, кој во својата кариера има настапувано за екипите на Етникос Ахна, Јанина, Газ Метан, Вардар, Работнички.

27-годишниот фудбалер веќе се приклучи на тренинзите на Академија Пандев.