Која е Олимпија Заевска, советничката на Заев што му ОБЕЗБЕДИ ЛИЦЕНЦА ЗА МАРИХУАНА НА СВОЈОТ СОПРУГ

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Која е Олимпија Заевска, советничката на Заев што му ОБЕЗБЕДИ ЛИЦЕНЦА ЗА МАРИХУАНА НА СВОЈОТ СОПРУГ

Владата на екс премиерот Заев своевремено достави детален список со сите 55 советници на премиерот и нивните плати. Тимот кој Заев го имаше собрано околу себе ја чинеше државата повеќе од половина милион евра годишно. На платниот список на Зоран Заев во Владата на Република Македонија се најде и Олимпија Христова Заевска, советник за меѓународна економија и развој на екс премиерот за нето плата од 42.941 денари, односно бруто плата од 64.212 денари, пишува Инфомакс.мк.

Порталот потоа наведува детали дека во моментов Олимпија Христова Заевска е вработана во финансии каде и заедно со минстерката за финансии Нина Ангеловска ја управуваат државната каса, поточно таа е задолжена за ИПА фондовите и односи со ЕУ, а водено е и шеф на нејзиниот кабинет. Освен по неколкуте колумни за порталот „Призма“ кој важи за близок на СДСМ, и основањето на Институт за истражување и општествени иновации ИМПАКТ Скопје кој исто така важи за близок до СДСМ, Заевска до моментот кога се појави на политичкат сцена и доби функција беше непознат лик за македонската јавност, наведува Инфомакс.

Нејзиното семејство е по потекло од Струмица, нејзиниот татко Мирко Христов, во 2004 на годишнината од промените на уставниот поредок пукаше кон зградата на Собранието на Република Македонија, а потоа една недела беше во бегство од затворот во Штип откако доби осудителна пресуда.

Она што исто така е интересно е што нејзината мајка е истакнат член и функционер во опозициската партија Левица, па така Гордана Сребреновска своевремено на изборите во 2016-та година се најде на 9 место на листата за пратеници на Левица.

Но она што најмногу ќе ја интересира јавноста е професијата со која се занимава нејзиниот сопруг, Филип Заевски кој што по потекло е од родното село на премиерот Муртино. Тој пак е вработен односно е директор во фирма за производство на марихуана „Фарма Роли“

Она што е проблематично е тоа што во времето кога актуелниата шефица на кабинет на Нина Ангеловска, Олимпија Заевска го советува премиерот Заев, Министерството за здравство по претходно добиена согласност од Владата на Република Македони Македонија издава одобрение на 31.07.2018 година за одгледување на канабис за медицински цели на фирмата „Фарма Роли“ во индустриска зона Ќојлија, општина Петровец каде директорува нејзиниот сопруг.

Фирмата во која директорува нејзиниот сопруг се актуелизираше откако граѓаните на општина Петровец каде се наоѓа „Фарма Роли“ се побунија против одгледувањето на марихуана во нивна близина, коментирајќи дека до вчера апсеа за тоа, а денес ќе ни садат канабис пред прозорец.

Тоа што Заевска го советувала премиерот во моменти кога неговата Влада одобрила лиценца за одгледување на марихуана за фирмата во која директорува нејзиниот сопруг е класичен пример за конфликт на интереси!

Извор: инфомакс.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата