Ди Мајо поднесе оставка од лидерската позиција во Движењето пет ѕвезди

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ди Мајо поднесе оставка од лидерската позиција во Движењето пет ѕвезди

Лидерот на италијанското Движење пет ѕвезди, Луиџи Ди Мајо, денеска поднесе оставка од функцијата, што ќе донесе дополнителна неизвесност на владејачката коалиција во земјата, пренесува „Ројтерс“.

„Денеска сум тука да поднесам оставка како претседател на Движењето пет ѕвезди“, рече Ди Мајо на состанокот на шефовите на регионалните партии.

Тој најави дека Вито Крими, шеф на Комисијата за внатрешни правила во партијата, ќе ја преземе улогата на привремен претседател сè додека не се избере нов на Конгрес во наредните месеци.

Премиерот Џузепе Конте претходно рече дека ќе ја почитува секоја одлука на Ди Мајо, кој е исто така и министер за надворешни работи на Италија.

Иако оставката на Ди Мајо не се очекува да доведе до пад на владата, тоа укажува на длабоки поделби во Движењето пет ѕвезди, додава британската агенција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата