Како деновиве изгледа животот во градот КАДЕ СЕ ПОЈАВИ ОПАСНИОТ КОРОНА ВИРУС (ФОТО+ВИДЕО)

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како деновиве изгледа животот во градот КАДЕ СЕ ПОЈАВИ ОПАСНИОТ КОРОНА ВИРУС (ФОТО+ВИДЕО)

Смртоносниот нов вид коронавирус се појави во Кина минатиот месец, при што загинаа 17 луѓе за неколку недели додека стотици се заразиле со оваа болест.

Инфицирани се и надвор од Кина, Тајван и Филипините, Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја, а првиот случај во САД е потврден.

Првиот случај на инфекција е забележан во Вухан, се пренел преку храна купена на локален пазар за морска храна. Градските власти рекоа дека некои примероци кои се земени од пазарот се позитивни за новиот вид коронавирус.

Покрај рибите, таму беа продадени и други живи животни, вклучувајќи птици, зајаци и змии, што укажува дека вирусот може да се пренесе на луѓето од животни, како што беше случајот со САРС.

Вухан има население од 11 милиони. Улиците инаку полни со луѓе сега се претежно празни во некои делови од градот, вклучувајќи ја и поголемата трговска област. Оние граѓани кои сè уште избираат да шетаат, често носат заштитни маски.

Пазарот што ја започна целата епидемија е празен, сите штандови се затворени. Полициските и безбедносните служби стојат во близина со маски и забрануваат влегување во оградена област.

Локалниот пазар на морски плодови секогаш беше полн во овој период од годината, имаше река клиенти кои бараа риба и морска храна.

Градските власти објавија серија нови мерки за борба против епидемијата. На туристичките агенции им е забрането да водат групи надвор од градот. Аеродромите, железничките и автобуските станици имаат инфрацрвени термометри кои ја мерат температурата на патниците што излегуваат од градот.

Вработените немале маски за лице на експресниот воз Пекинг-Вухан. Еден од работниците изјави за Си-Ен-Ен дека раководството ги замолило да не носат маски бидејќи тоа може да предизвика паника кај патниците, но дека железничката компанија ќе воведе задолжителни маски доколку се влоши ситуацијата.

Некои градски хотели најавија дека ќе ги проверат сите гости, односно кога ќе пристигнат ќе ја измерат нивната температура и ќе ги замолат да мијат раце. Генералниот директор на хотелот „Вестин“ во Вухан изјави дека побарал од персоналот да започне да носи маски „и за нивната безбедност и за безбедноста на гостите“.

Сепак, некои посетители не се толку загрижени за епидемијата. Јан Веиси не носи маска за лице и вели дека чувствува дека ситуацијата е „не толку страшна“.

„Следам сè што тие советуваат. Јас пијам многу течности и ги мијам рацете редовно. Мислам дека ќе бидам добро“, рече Јан, кој за прв пат славеше новогодишна ноќ во Вухан.

Најважно е да се задржи позитивен став, затоа што ако се плашите, со поголема веројатност ќе го добиете вирусот. Тоа е мое мислење", заклучи Јан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата