МАКРОН ЈА ИЗБРКА ИЗРАЕЛСКАТА ПОЛИЦИЈА од црква во Ерусалим (ВИДЕО)

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАКРОН ЈА ИЗБРКА ИЗРАЕЛСКАТА ПОЛИЦИЈА од црква во Ерусалим (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон ги исфрлил денеска припадниците на израелската полиција од црквата Света Ана во стариот дел на Ерусалим, која според меѓународните правила е француска територија.

Снимките од инцидентот го прикажуваат лутиот Макрон кој повикува на почитување на правилата.

Сите совршено добро ги знаеме правила. Не ми се допаѓа она што го направивте пред мене. Излезете надвор – рекол Макрон, но останало нејасно што ја предизвикало неговата реакција.

На снимката се гледа како Макрон се обраќа на припадниците на израелската полиција со зборови  дека одлично ја завршиле работата во градот и ги моли да ги почитуваат правилата кои постојат со векови, па француските медиуми претпоставуваат дека самиот влез на полицијаците била причината за неговото негодување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата