СДСМ: Илија Димовски гласаше за создавање на државната видеолотарија

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ: Илија Димовски гласаше за создавање на државната видеолотарија

Илија Димовски гласаше за создавање на државна видеолотарија, а денес конструира случаи за редовни набавки на компанијата, реагира СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој претходно денеска обвини дека државната видеолотарија за две години потрошила 14 милиони евра за набавка на машини за коцкање.

„Компанијата за која деновиве ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали е компанија основана во 2014 година, време на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, а токму Илија Димовски, кој деновиве неосновано обвинува, гласал за формирање на државната видеолотарија“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека набавката била распишана одамна, а поради обемноста, процесот за нејзина реализација траел подолг период. Велат дека за слот-машините не е потрошен ниту еден денар од граѓаните.

„Државната видеолотарија преку законско и транспарентно работење учествува во полнење на буџетот и за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога државната видеолотарија беше загубар, денес таа е една од најуспешните компании“, нагласува СДСМ.

Според нивните тврдења, тендерите се согласно основната дејност на компанијата и се редовна пракса за обнова на апаратите, кои впрочем се извор на приход на компанијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата