Денес официјално! Првиот тенисер во светот суспендиран од Аустралијан опен

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денес официјално! Првиот тенисер во светот суспендиран од Аустралијан опен

После изнесените докази во предходните денови, Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ) денес и официјално го суспендирала Колумбиецот Роберто Фарах, прв тенисер во светот во дабл, поради позитивниот допинг тест.

Фарах е суспендиран додека трае дисциплинската постапка.

Тој требал да игра на Аустралијан опен во Мелбурн со долгогодишниот партнер во дабл, сонародникот Хуан Себастијан Кабал. Тие двајца ги освоиле последните два Гренд слем турнири, Вимбелдон и УС опен.

Фарах и Кабал биле најдобрите дублови во изминатата година. Колумбиецот го негирал обвинувањето и рекол дека допинг тестот бил позитивен на стероидот болденон бидејќи изел контаминирано месо во својата земја.

ИТФ навел дека тенисерот не се жалел на привремената суспензија. Организацијата не навела кога случајот ќе биде решен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата