Објавени фотографии од УБИЈЦИТЕ во Атина! Црногорците потполно го смениле изгледот, но залудно

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавени фотографии од УБИЈЦИТЕ во Атина! Црногорците потполно го смениле изгледот, но залудно

Грчките медиуми ги објавија првите фотографии од убијците на припадниците на шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, снимени од безбедносните камери пред ресторанот во Атина каде се случи двојното убиство. 

На снимките од една од околните згради се гледа нејасна сцена од четворица мажи облечени во црно, кои биле видени како бегаат после пукањето. 

„Прво се гледа како одат кон ресторанот во кој седеле жртвите, а се гледа и како бегаат неколку минути после пукањето“, пренесуваат медиумите во соседството. 

Повикувајќи се на извори од полицијата медиумите пренесуваат дека се испукани 24 куршуми, а само три не ги погодиле жртвите, што зборува за решеноста на убиците и нивните вештини. Уште пренсуваат и дека иако жртвите тотално го смениле изгледот, сепак не успеале да се спасат.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата