Генералниот секретар на ОН го поздрави формирањето на новата либанска влада

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Генералниот секретар на ОН го поздрави формирањето на новата либанска влада

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поздрави соопштението на либанското претседателство за формирање нова влада и има намера да соработува со премиерот на земјата, Хасан Диаб, рече портпаролот на ОН, Стефан Дујариќ, пренесува „Спутник“.

„Генералниот секретар ја поздравува најавата за формирање нова влада на Либан денес. Тој очекува да соработува со премиерот Хасан Диаб и со Советот на министри, вклучително и за поддршка на реформската агенда на Либан и за решавање на важните потреби на либанскиот народ“, рече портпаролот во изјавата доцна во вторникот.

Според изјавата, Гутереш ја повторил заложбата на ОН за поддршка на суверенитетот, стабилноста и на политичката независност на Либан.

Во вторникот, либанскиот претседател Мишел Аун потпиша документи за формирање на новиот кабинет на земјата предводен од Диаб. Подоцна истиот ден, се појавија сведоштва за судири со полицијата во главниот град Бејрут и во некои други градови низ земјата, при што демонстрантите ги блокирале патиштата и автопатите по формирањето на владата.

На Диаб, 60-годишен професор на Американскиот универзитет во Бејрут, му беше задача да формира нов кабинет на крајот на минатата година.

Владата на поранешниот премиер Саад Харири, составена од 30 министри, поднесе оставка на крајот од октомври, во пресрет на големи владини протести, предизвикани од економската криза.

Новиот кабинет на земјата се состои од 20 министри, вклучително и пет жени. Зеина Акар стана првата жена министерка за одбрана во Либан.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата