Потврден првиот случај на корона вирусот во Хонгконг

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потврден првиот случај на корона вирусот во Хонгконг

Првиот случај на маж заразен со новиот корона вирус е потврден во Хонгконг. Претходно денеска, прв случај беше потврден и во кинескиот специјален административен регион Макао. Станува збор за 52-годишна жена турист од Вухан, градот од каде што вирусот почна забрзано да се шири.

Властите ги заострија мерките за да се спречи ширењето на инфекцијата. Во Макао мора да се носат маски за лице. Скенери за мерење на телесната температура се инсталирани на различни локации во поранешната португалска колонија, вклучително и на влезовите во казината.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата