Фотографија од спална соба стана хит на Твитер поради постелнината

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фотографија од спална соба стана хит на Твитер поради постелнината

Фотографија од една спална соба стана хит на Твитер, бидејќи поради постелнината на многумина им изгледала како сцена од убиство.

Сетот постелнина за кревет, со дизајн од рози на перниците и чаршафот распоредени по целата постелнина, на корисниците на социјални мрежи им наликувала на траги од крв, поради што фотографијата привлече големо внимание.

Кога сфатил за незгодниот момент, сопственикот на спалната соба, ја споделил фотографијата на Твитер, каде добил повеќе од 7,5 илјади лајкови.

„Изгледа како сцена од ЦСИ. Розите на перниците особено се ужасни“ се дел од коменатрите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата