Рендери на LG G8 ThinQ смартфонот од сите агли

14.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рендери на LG G8 ThinQ смартфонот од сите агли

Кога LG официјално ќе го претстави новиот G8 ThinQ, нема да изненади никого со дизајнот бидејќи познатиот инсајдер од телефонската индустрија, Еван Блас, веќе објави неколку фотографии од него.

Фотографиите на Еван Блас го покажуваат изгледот на телефонот од секој агол, а тие доаѓаат неколку недели пред официјалниот датум за промоција.

Иако LG не потврди дека фотографиите се автентични, ниту пак објави детали за него, од претходните искуства знаеме дека Еван Блас ретко греши и поради тоа решаваме да му веруваме нему и на неговите фотографии.

Минатата недела LG потврди дека телефон со името G8 ThinQ ќе се појави на пазарот годинава и веројатно ќе биде претставен на публиката на Mobile World Congress во Барселона на крајот од овој месец.

Од компанијата објавија дека уредот ќе биде опремен со 3D длабочинска камера која ќе му овозможи на корисникот да го отклучува телефонот со неговото лице, па веројатно поради тоа на предниот дел од телефонот може да се забележи камера со три леќи вперена кон корисникот.

Извор: B92.net

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата